Фудбалот во Куманово се поместува од „мртва точка“, во план е изградба на модерен стадион (ФОТО)

by
0 минути читање

Градот Куманово кој во минатото можеше да се пофали со успеси на ФК Куманово, Башкими и Милано, во моментов нема ниту прволигаш, ниту второлигаш. Кумановските фудбалски клубови се натпреваруваат во Трета лига Север.

Пратеникот од Куманово, Мартин Костовски информираше дека клубот ФК Куманово е вратен на општината, а амбицијата на градот е повторно да го заживее фудбалот.

Во план е реконструкција на стадионот кој треба да добие модерен изглед, да има три трибни со капацитет од 5.000 гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×