Не е проблем само платата на Донарума, Рајола од Милан бара огромна провизија

by
1 минути читање

Џиџо Донарума ги
одработува последните месеци од договорот со Милан и се уште нема пристигнато
абер за продолжување на соработката. Се верува дека се чека финишот на сезоната
за голманот да види дали ќе биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.

Исто така има и
други несогласувања, Милан на маса има ставено плата од 8 милиони евра, додека
пак Мино Рајола бара 10 милиони евра по сезона, сума која му ја нудат други
клубови.

Има разлика и во
должината на договорот, Мино Рајола сака Џиџо Донарума да се обврзе само на две
години, додека пак „росонерите“ преферираат договорот да биде на повеќе години.

Според денешното
издание на Газета дело Спорт, проблем е и провизијата, Мино Рајола побарал дури
20 милиони евра. Весникот додава дека агентот може да ги намали своите побарувања
и да прифати 10-15 милиони евра, но и оваа бројка не е мала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×