На Мијатовиќ му е преку глава од Азар: Мајко моја… нека не заборава кој го плаќа!

by
1 минути читање

Реал Мадрид ќе брка
победа против Виљареал без Еден Азар, фудбалерот од Белгија се пожалил на болки
на последниот тренинг, нема да биде во комбинација за последниот натпревар од
сезоната и нема да може да им помогне на соиграчите во мечот во кој ќе се
решава титулата во Шпанија.

На Предраг
Мијатовиќ не му се допаѓа тоа што напаѓачот одбива да стисне заби, па реши да
го искритикува во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР.

„Мајко моја… загрижувачки
е тоа што нема да игра на натпреварот на кој ќе се решава се“
– вели поранешниот
фудбалер и директор на „кралевите“.

„Мисли дека Европското
првенство со Белгија е поважно од Ла Лига. Нека не заборава кој го плаќа, милионска
плата зема од Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×