Лео Меси даде
интервју за аргентинскиот Оле, и додека многумина очекуваа да слушнат нешто за
неговата иднина, тој говореше за работи од приватниот живот.
Со кариера од 17 години, напаѓачот има огромен број на дресови од ривалите и сопствен
музеј, но признава дека жали што како дете не го интересирале вакви спомени па во колекцијата нема
дресови од легенди како „Феноменот“ Роналдо или Роберто Карлос.
„Почнав да се
интересирам за дресовите кога пораснав, претходно не обрнував многу внимание.
Па сега жалам што не барав дресови од фудбалери против кои играв кога бев млад, на
поетокот од кариерата. Во колекцијата ми недостасуваат дресови од Роналдо или Роберто Карлос, би сакал да имам
нивни дресови“ – вели Лео Меси.