Во разговор со
Гери Невил, Хари Кејн потврди дека ќе седне на маса со првиот човек на Тотнем,
Хари Кејн и ќе разговара за иднината. Напаѓачот планира да замине и се верува
дека веќе го известил раководството на „спарси“ за неговата желба.
Денеска беше
објавен вториот дел од интервјуто, Англичанецот истакна дека во моментов не
помислува за трансфер во странство со што ги шкртна клубовите како Реал, Барса и
ПСЖ.
„Секако дека
постои опција еден ден да се преселам во странство, но не сум заинтересиран за
ова во блиска иднина“ – вели Хари Кејн.
Манчестер Сити,
Манчестер јунајтед и Челси се клубовите од Премиерлигата кои пројавуваат
интерес за голгетерот, и се чини дека тој меѓу редови најави дека сака трансфер
на „Етихад“.
Запрашан за тоа кој
фудбалер може да му помогне да постигне повеќе погодоци, напаѓачот вели: „Де
Брајне секако. Се работи за специјален фудбалер, извонреден… кога гледам
какви топки дели, тоа е сон на секој голгетер“.