Ситуацијата во Интер е загрижувачка: Немаме програма, не знаеме кога ќе започнат подготовките…

by
1 минути читање

Интер е во голема
финансиска криза па се говори за можноста проектот да заврши по само две
години, Антонио Конте да замине а со него и директорите Бепе Марота и Пјеро
Аусилио како и уште неколку ѕвезди во тимот.

„Нероаѕурите“
оваа недела обезбедија заем од 275 милиони евра, па останува да се види како ќе
се одвиваат работите.

Во разговор со
Газета дело Спорт, техничкиот директор Габриеле Ориали признава дека ситуацијата
е загрижувачка.

„Загрижен сум
бидејќи нема конкретна промена за новата сезона, не е одреден датумот кога ќе
започнат подготовките, каде ќе биде кампот, никој ништо ни нема кажано“
– вели Ориали.

Запрашан дали
Антонио Конте ќе остане, тој вели: „Најпрво сите мораме да разбереме какви се
плановите на сопственикот“.

„Годинава беше тешка, особено за нас, не знаете колку непреспиени ноќи сме имале со Антонио Конте во Апиано“.

Се очекува Стивен
Жанг во следните денови да седне на маса со Антонио Конте и да разговараат за
плановите на Интер за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×