Мбапе се договорил со Реал, ќе се пресели во Мадрид за месец или два… или за дванаесет

by
1 минути читање

Килијан Мбапе е дамнешна
желба на Флорентино Перез и често се пишува за негова преселба во Реал Мадрид.

Новинарот Жозеп
Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“, синоќа пренесе дека Реал Мадрид во
следниот месец или два ќе го купи Французинот.

Во исто време,
агентот Бруно Сатин во емисијата „Лејт Фудбал Клуб“ откри дека Килијан Мбапе
веќе се договорил со Реал Мадрид, но можно е да почека една година за да се пресели
на Сантијаго Бернабеу.

„Имам информации
кои велат дека Килијан Мбапе и неговото семејство се договориле со Реал Мадрид.
Начелно се договорени личните услови на играчот, но потребно е да се постигне
договор и со ПСЖ. Катарците и ПСЖ се уште не пресекле дека ќе продолжат без
Килијан Мбапе, па лесно може да се случи играчот во целост да го одработи
договорот и да замине за беспари. Кога владетелите од Доха не сакаат некој
фудбалер да замине, го тераат да остане се додека повеќе не е нивен, ова веќе
го видовме во минатото“
– вели Бруно Сатин.

Килијан Мбапе има
договор до јуни 2022 и преговорите подолго време тапкаат во место. Неодамна се
пишуваше дека тој е подготвен да ја продолжи соработката но само до 2023 за да
може лесно да замине следното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×