Меси сака да остане во Барселона но семејството му прави притисок да се пресели во ПСЖ

by
1 минути читање

Во сабота ќе биде
објавено интервју на Лео Меси со Оле и можеби ќе се расчистат сите дилеми околу
неговата иднина, но во моментов има многу гласини за потегот кој ќе го повлече
Аргентинецот.

Ле Паризиен пренесува
дека напаѓачот сака да остане во Барселона, но татко му и семејството го
притискаат да замине и да се пресели во ПСЖ.

Лео Меси е подготвен
да продолжи на Камп Ноу дури и за далеку помала плата, особено сега откако Жоан
Лапорта се врати на чело на клубот.

Неговото семејство
пак смета дека е најдобро да се пресели во Париз, не само што „светците“ ќе му
понудат повеќе пари од Барса, и краткорочниот проект кој го имаат е далеку подобар
од оној на „каталонците“.

Останува да се
види каква ќе биде одлуката на Аргентинецот и кога ќе биде донесена, одредени
извори велат дека Лео Меси ќе реши дури по крајот на Копа Америка, односно
средината на јули месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×