Сантош го објави составот, Португалија ќе го брани трофејот предводена од Роналдо и со едно изненадување

by
1 минути читање

Фернандо Сантош со
проверени сили ќе настапи на континенталниот собир, во составот од 26
фудбалери, има дури 11 кои во 2016 стигнаа до триумф на Европското првенство.
Кристијано Роналдо го предводи тимот во кој единствено изненадување е 22
годишниот Педро Гонсалвеш.

Фудбалерот на
Спортинг нема ниту еден настап за сениорската репрезентација и всушност ова му
е прв повик, но веројатно и заслужен откако ја заврши сезоната во првенството
на Португалија како најдобар стрелец со 23 погодока.

Составот на
Португалија за ЕВРО 2020:

Голмани: Руи
Патрисио, Антони Лопез, Руи Силва

Одбрана: Жоао
Кансело, Нелсон Семедо, Жозе Фонте, Пепе, Рубен Диаш, Нуно Мендеш, Рафаел
Гереиро

Среден ред:
Данило, Жоао Паљиња, Рубен Невеш, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо, Ренато Санчез,
Сержо Оливеира, Вилијам Карваљо

Напад: Педро Гонсалвеш,
Андер Силва, Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Диого Жота, Гонсало Гуедеш,
Жоао Феликс, Рафа Силва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×