Карим Бензема по
шест години се враќа во националниот тим, напаѓачот на Реал Мадрид доби повик
од Дидје Дешам за ЕВРО 2020.
Многумина ја
поздравија одлуката, а сега се огласи и Матју Валбуена, фудбалерот поради кој
Карим Бензема западна во неволја и беше обвинет дека се обидел да изнуди пари
преку секс снимка.
„Немам што
посебно да кажам. Ако може да донесе нешто плус за францускиот тим, толку
подобро за „сините“. Тренерот е тој кој на крајот пресекол. Според мене, Дидје
во секој случај ќе испадне победник. Доколку функционира тимот, ќе кажеме дека
успеал да се адаптира иако ситуацијата била комплексна, доколку не функционира,
никој нема да го обвини“ – вели Матју Валбуена.
Запрашан дали бил
известен дека Карим Бензема се враќа во дресот на „триколорите“, тој додава:
„Не, ниту пак очекував да ми се јави Дидје или некој друг. Си го живеам својот
живот и се забавувам на терените“.