Ако Роналдо замине, Гризман доаѓа во Јуве?

by
1 минути читање

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака да го реновира тимот, а во фудбалерите кои треба да бидат продадени е и Антонио Гризман.

Весникот вели дека Јувентус е можната дестинација за Гризман, но тоа ќе се случи само ако Кристијано Роналдо си замине.

Веќе некое време се шпекулира дека Роналдо е на излезна врата од Јувентус, но неговата иднина ќе се знае по крајот на сезоната која завршува во недела.

Заминувањето на Роналдо за доаѓање на Гризман е значајно од финансиски причини, само во тој случај би се ослободиле средства за Французинот да може да биде ангажиран.

Гризман има договор со Барса до јуни 2024.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×