Кун Агуеро треба да биде прво или едно од првите засилувања на „каталонците“ ова лето. Се чека крајот на сезоната, односно финалето во Лигата на шампиони, за официјално да пристигне соопштение.
Кога беше најавен трансферот на Аргентинецот, медиумите пишуваа дека тој прифатил намалување на платата за да го облече дресот на Барселона.
Сега се откриваат повеќе детали, Кватро пишува дека Кун Агуеро на Камп Ноу ќе заработува 5 милиони евра по сезона, што е три пати помалку од она што го добива во моментов во Манчестер Сити (неделна плата од 250.000 фунти).
Напаѓачот на Камп Ноу ќе заработува помалку од минатогодишното засилување Дест (6 милиони евра) и малку повеќе од играчи како Педри, Араухо и Пуџ.