237
Првиот трофеј на Буфон во Купот на Италија беше со Парма во 1999 годиина, тогаш негов соиграч беше Енрико Киеза.
Парма тогаш ја победи Фиорентина, тогаш Енрико Киеза имаше двегодишно бебе, син Федерико.
Кариерата на Буфон се уште трае, а во меѓувреме Федерико Киеза порасна, стана професионален фудбалер, потпиша за Јувентус и синоќа заедно со легендарниот Џиџи го освои Купот на Италија.
Федерико Киеза беше и стрелец на еден од погодоците во синоќешната победа над Аталанта од 2-1.
Ова за Буфон беше и последниот трофеј во дресот на Јувентус, тој заминува по крајот на сезоната.