Силекс и Академија Пандев одиграа неинтересно финале но со возбудлива завршница на пенал.
Во текот на 120 минути речиси и да немаше шанса и на двата гола, па пеналите мораше да го решаваат победникот.
Во пенал серијата и двата тима до третата серија беа перфектни, по што следуваше промашување на Пепе Георгиев од Силекс, но во истата серија утна и Бојан Димовски. Во петтата серија Даниел Карчески погод за Силекс, но Кристијан Велиновски ја погоди конструкцијата од голот на противникот и тука заврши финалето.
Силекс по 24 години се радува на трофејот од Купот на Македонија.
Со освојувањето на Купот на Македонија, Силекс обезбеди и настап во Европа, но до крајот на сезоната имаат уште една задача, преку баражот да изборат опстанок во Лигата, треба да бидат подобри од Тиквеш.
Фото: ФФМ