Комичен автогол на Регилон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем нема право
на кикс во дуелот со Астон Вила на домашен терен во претпоследното, 37 коло во
англиската Премиерлига, меѓутоа домаќинот тргна по потешкиот пат.

Серхио Регилон
може да биде голем трагичар на сезоната откако во 20 минута си постигна комичен
автогол за израмнување на резултатот, по што гостите веќе во 39 минута
направија и комплетен пресврт, па со водство од 1-2 заминаа на паузата.

Евентуален пораз
на Тотнем на овој меч значително ќе отвори шанса за Евертон, па и Вест Хем за
пласман во Лига Европа за идната сезона, а секако во моментов постои и
неизвесност за позицијата која води во квалификациите за Лига на конференции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×