Џеко е близу договор со ЛА Галакси, клучната улога за одлуката ја одиграла неговата сопруга

by
1 минути читање

35 годишниот
напаѓач Един Џеко е близу договор со ЛА Галакси, а дека тоа сценарио е мошне
близу доволно говорат информациите дека веќе е одлучено во кое училиште ќе
продолжи ќерката од претходниот брак на неговата сопруга Амра.

„Репрезентација.ба“
извести дека Амра веќе донела одлука околу изборот на колеџот, а воедно истиот
медиум додава дека таа одиграла клучна улога околу одлуката на Џеко за неговата
иднина.

Амра инаку и
претходно живееше во Лос Анџелес, каде воедно и се запозна со Џеко, во периодот
кога напаѓачот настапуваше за Манчестер Сити.

Од друга страна
пак, во Италија известуваат дека новиот тренер на Рома за идната сезона, Жозе
Мурињо наводно ќе се обиде да го убеди Босанецот да остане во Рим уште една
сезона.

Слушнав дека тој
ќе се пресели во ЛА Галакси, меѓутоа не можам да откријам никакви детали
бидејќи договорот се уште не е официјализиран
“ вели босанскиот агент Адмир
Хусариќ во изјавата за „Спорт.ба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×