Мбапе сака да ја продолжи верноста со ПСЖ до 2023 година, и во 2022 да се пресели во Реал или Ливерпул

by
1 минути читање

Нејмар неодамна се обврза кон ПСЖ до 2025 година, но Килијан Мбапе нема намера да ги следи стапките на Бразилецот.

Последните извештаи од Франција велат дека напаѓачот верува дека нема да има никакви шанси за трансфер доколку стави потпис на долгогодишен договор, па ако ја продолжи верноста, тоа ќе биде само до 2023 година.

Со ова ќе остави простор за во 2022 да направи трансфер во Реал Мадрид или Ливерпул.

Должината на договорот не е единствениот услов на Килијан Мбапе, тој исто така бара и гаранции за креирање на силен тим кој ќе може да се бори за титулата во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×