Емисијата „Онзе“
на Еспорт 3 најавува спектакуларна трампа, новинарот Луис Канут пренесе дека
Барселона сака да го размени Антоан Гризман за Жоао Феликс. Жорж Мендеш, кој е
агент на Португалецот, треба да одигра клучна улога.
„Каталонците“ имаат
две причини за една ваква зделка. Како прво, партиите кои ги прикажува Антоан
Гризман на Камп Ноу не се нивото кое се очекуваше, и како второ, Французинот
има многу висока плата.
Синоќа, првиот човек
на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека посакува повторно да го види напаѓачот
во „сино-црвениот“ дрес.
„Гризман е
извонреден играч, се надевам дека ќе можеме да го вратиме, но мислам дека Барселона
не сака да го продаде. Секој клуб би сакал фудбалер како него“ – рече претседателот
на Атлетико.
Тој проговори и
за можноста Жоао Феликс да биде продаден: „Нема шанси да замине“.