Има и такви кои не сакаат да играат на Европско првенство, Марко Ројс го одби повикот на Лев

by
1 минути читање

Настап на
Европско првенство или пак на Светско првенство е сон на секој фудбалер, но има
и такви кои се подготвени да прескокнат големо натпреварување.

Капитенот на
Борусија Дортмунд, Марко Ројс нема да биде дел од составот на Германија,
напаѓачот сака да се одмори по напорната сезона и да биде подготвен за новата.

„По комплицирана,
исцрпувачка и му благодарам на Бог, успешна сезона, заедно со селекторот
одлучивме да не одам на ЕВРО 2020. Одлуката беше многу тешка бидејќи секогаш со
гордост го носам националниот дрес. Но по многу интензивна година за мене
лично, и откако ги остварив целите со Борусија Дортмунд, решив да му дадам
време на моето тело да се опорави! Ќе се обидам да ја искористам паузата за да
ја стартувам новата сезона на оптимално ниво. Му посакувам на Јоги и нашиот тим
се најдобро на ЕП, ќе ги бодрам како фан“
– гласеше пораката на Марко Ројс на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×