453
Ова претпоследно коло и последното коло од Премиерлигата се играат пред публика, но Манчестер јунајтед не им приреди радост на своите фанови.
Јунајтед поведе со прекрасен гол на Кавани во 15. минута од натпреварот, но Брајан на 15 минути пред крајот донесе бод за Фулам.
Лидс ја забележа третата победа по ред откако со 2-0 го совлада Саутемптон на негов терен, Алиоски го одигра целиот меч.
Резултатот го отвори Бамфорд во 73. минута од натпреварот, Робертс во 95. минута го постави конечниот резултат.