Фудбалерот од
средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан кој инаку е на позајмица од Интер, влезе во конфронтација на социјалните мрежи со еден навивач на Милан по ремито без
голови против клубот од Милано.
Исходот од мечот
секако беше големо разочарување за „Росонерите“ кои со евентуална победа на таа
пресметка ќе го потврдеа местото во топ четирите екипи на табелата во Серија А,
меѓутоа до тоа не дојде.
Навивач на Милан
со еден коментар на „Твитер“ го налути Белгиецот кој веднаш реагираше.
„Доколку секоја
недела игравте на таков начин, а не само против Милан, ќе бевте сигурни пред
неколку месеци“ напиша тој, алудирајќи на фактот што за Каљари веќе немаше
никаква опасност од испаѓање од елитното друштво.
„Престани да
плачеш, како би можеле да победат доколку немаат ниту еден обид во рамките на
голот?“ му возврати Наинголан.