Кејн е 100% посветен на обврските кон Тотнем, тврди Мејсон

by
1 минути читање

„Скај Спортс“
извести дека првата ѕвезда на Тотнем, Хари Кејн наводно го известил клубот дека
посакува нов предизвик во својата кариера, односно изразил желба да си замине,
со тоа што нема намера да чека подолго за трофеј со клубот од Северен Лондон.

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Рајан Мејсон, говорејќи на пресконференцијата во
пресрет на мечот на домашен терен со Астон Вила во претпоследното коло од
Премиерлигата, нагласи дека Кејн е во целост посветен на своите обврски кон
клубот.

Тој се чувствува
одлично, едвај го чека утрешниот меч
“ рече Мејсон кој инаку е во доста блиски
односи со напаѓачот.

Тој ќе биде 100%
посветен, едвај чекам да го видам на утрешниот меч на нашиот преубав стадион
пред нашите навивачи, возбудени сме за утрешниот меч
“ додаде тој, а јасно
наведе дека Кејн ќе стартува од првата минута.

Мислам дека Кејн
ќе го почне мечот бидејќи тој е нашиот најдобар напаѓач, еден од најдобрите
напаѓачи во светот
“ заклучи Мејсон.

Очекувањата се
утрешниот меч помеѓу Тотнем и Астон Вила од трибините да го проследат околу
десет илјади гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×