Класата е вечна: Погледнете ја мајсторијата на Кавани (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Навивачите на
Манчестер јунајтед со свои очи од трибинскиот простор на „Олд Трафорд“ имаа
можност да ја проследат мајсторијата на Единсон Кавани во неговиот гол за
водство на „Црвените ѓаволи“ против Фулам.

Кавани доби
употреблива топка од Де Хеа и на маестрален начин ја искористи укажаната
прилика да постигне гол лобувајќи го гостинскиот чувар на мрежата Ареола кој не
беше моќен во оваа ситуација.

На официјалниот сајт на Премиерлигата барем засега стои дека асистнецијата му е запишана на Де Хеа, иако постои простор тоа да биде променето, бидејќи од таму сигурно добро ќе ја разгледаат ситуацијата за да утврдат дали постои допир со топката од страна на Бруно Фернандеш.

Што се однесува
пак до 34 годишниот Кавани, за него ова беше десети гол сезонава во Премиерлигата, а има запишано и четири
асистенции, Уругваецот и идната сезона ќе биде дел од Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×