232
Следната недела ќе бидат познати последните два прволигаши за сезоната 2021/22, Охрид и Тиквеш ќе се борат за влез во елитата а Ренова и Силекс за опстанок во најсилното првенство на Македонија.
На денешната ждрепка, Ренова за противник го доби Охрид, додека пак Силекс ќе ги одмери силите со Тиквеш.
Натпреварите се закажани во вторник 25. мај со почеток во 16 часот. Ренова и Охирд ќе играат на теренот на ФФМ додека пак Силекс и Тиквеш ќе истрчаат на арената „Тодор Проески“.
Доколку нема победник по регуларните 90 минути, ќе решаваат пенали и нема да има продолженија.
Фото: ФК Ренова