Васоски: Сон на секој фудбалер и тренер е да игра финале

by
1 минути читање

Утре со почеток од 19 часот се игра финалето на Купот на Македонија, Академија Пандев против Силекс. Минатата сезона поради пандемијата се прекина куп натпреварувањето, а пред две години токму пандевци го освоија трофејот.

„Сон на секој фудбалер и тренер е да се игра финале на Купот на Македонија. Можеби мала релаксација за нас е што обезбедивме опстанок, ние сме максимално фокусирани на ова финале, последни освојувачи сме и ќе настојуваме да остане пехарот во нашиот клуб. Очекувам да победиме“, вели тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски.

„Ова е финале, шансите се 50-50, Силекс го цениме и респектираме, а лани тие играа квалификации за ЛШ. Ќе решава поголемата мотивација и желба, па не гледам дека ние имаме некои големи предности, евентуално тоа што Силекс го чека бараж за опстанок, па тоа може да биде некоја предност за нас. Штета е што нема да има публика, иако мислам дека можеше 20 отсто посетеност. Жално е што ќе се игра без публика, а немаме суспендирани или повредени, па ќе истрчаме со најсилен состав“.

Капитенот на Академија Пандев, Ѓорѓи Соколов вели дека сон е да се игра финале.

„Сон на секој фудбалер е да се игра финале, ние заслуживме да го играме и мислам дека пехарот ќе остане кај нас во Струмица. Нѐ чека тежок меч, но јас верувам дека ќе победиме. Сите во екипата веруваме во успех“, вели Стоилов.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×