Бомба од Франција, Бензема се враќа во репрезентацијата и ќе игра на ЕВРО 2020

by
1 минути читање

Карим Бензема во 2016 беше казнет поради секс-скандалот на Матју Валбуена и обидот да изнуди пари од соиграчот во репрезентацијата. Напаѓачот го пропушти ЕВРО 2016 како и СП 2018 година и со години нема настап за „триколорите“ и покрај тоа што имаше бројни повици за помирување.

Последните информации сега велат дека Дидје Дешам конечно ќе попушти и ќе го врати Карим Бензема во националниот тим.

Л’Екип денеска најави дека фудбалерот на Реал Мадрид ќе се најде на списокот на Дидје Дешам за ЕВРО 2020, а потоа и Ле Паризиен пренесе дека Карим Бензема ќе добие повик за настап на континенталниот собир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×