163
По две години печалба во Кина, Марек Хамшик пред два месеци одлучи да замине од Далечниот Исток и да се врати во Европа. Фудбалерот од средниот ред се реши за авантура во Шведска во редовите на Гетеборг.
Синоќа тој го постигна дебитанскиот гол, на спектакуларен начин погоди против Сириус.
На стартот од второто полувреме, Марек Хамшик начека една топка на врвот од шеснаесетникот и со полу-волеј испрати проектил во аголот кој тешко се брани.