Ливерпул имаше тешка сезона, но на две кола пред крајот сами си ја решаваат судбината. Со победи на тие мечеви ќе се пласираат меѓу четирите најдобри и ќе обебедат пласман во Лигата на шампионите.
Запрашан колку му значи да завршат во топ четири оваа сезона, Клоп рече: „Многу, апсолутно многу. Тоа ќе биде едно од моите најголеми остварувања во кариерата. Знам како звучи, но тоа е вистината. Сите тука гледаме така на тоа“.
„Ако пишувате книга за некоја сезона и ако сакате да паднете во депресија, веројатно треба да ја земете оваа сезона“.
„Ќе читате и ќе видите се што се случуваше. Поголем дел од работите никогаш и не излегоа во јавноста, со многу работи се справувавме“.
„Но сга сме тука. Што и да се случуваше оваа година, шансата е тука, во нашите раце на два меча до крајот“.