Четири ѕвезди на Барселона треба да изберат: Помала плата или заминување од Камп Ноу

by
1 минути читање

Мундо Депортиво минатата недела најави голема реконструкција на Камп Ноу во која можат да заминат дури 14 фудбалери. Како играчи кои ќе бидат продадени во летниот преоден рок беа посочени Нето, Умтити, Жуниор, Пјаниќ, Кутињо, Брајтвајт и Матеус.

Весникот сега пишува дека клубот може да го напушти и некоја ѕвезда. Секако, Лео Меси е недопирлив и ќе биде сторено се за тој да продолжи, но тоа не важи и за играчи како Серхио Бускетс, Жерард Пике, Серхи Роберто и Антоан Гризман.

Жоан Лапорта планира по крајот на сезоната да седне на маса со нив и да предложи намалување на платата со оглед на тоа дека во иднина повеќе нема да бидат „недопирливи“.

Доколку не можат да најдат заедниччки јазик, ќе се бара начин за пријателска разделба и заминување од Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×