418
Макс Алегри заедно со Раул се посочуваат како главни кандидати за кормилото на Реал Мадрид доколку Зинедин Зидан замине по крајот на сезоната.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, Макс Алегри на маса има конкретна понуда. Се работи за соработка 2+1 година и нето плата од 10 милиони евра по сезона.
Со ваква бројка, платата на Макс Алегри ќе биде помала од онаа која ја заработува Зинедин Зидан во моментов, кој годишно инкасира 12 милиони евра плус бонуси.