166
Големиот талент кој настапува за македонската репрезентација до 17 години, е нов член на Бешикташ.
Тој стави потпис на петгодишен договор со новиот турски шампион, а тие за овој трансфер платија 480.000 евра.
Гуџуфи беше член на Вардар, но во зимскиот преоден рок направи трансфер во Беласица од каде оди во Бешикташ.
Бесар Гуџуфи кон крајот на овој месец ќе наполни 17 години, тој важи за голем талент за кого интерес имаше и од неколку други важни клубови како Трабзонспор и Динамо Загреб.
