Билети за македонските навивачи за Евро 2020 се пуштени во продажба, а ФФМ не знае ништо за тоа?

by
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија треба да обезбеди код за порталот за купување билети за сите кои претходно ја исконтактирале федерацијата. Посочено е и лице за контакт, Билјана Велковска.

Иако според УЕФА продажбата на билети за мечевите на Македонија е веќе започната, од ФФМ велат дека немаат информација за тоа.

Нема информација и за тоа колку билети ќе добие нашата репрезентација и по која цена ќе се продаваат.

Засега од ФФМ имаме само информација дека правилото од престој три дена во Букурешт е укинато, па нашите навивачи ќе можат да го поврзат престојот и за двата натпревари кои ќе ги играме таму. Во Романија ќе може да се влезе со негативен ПЦР тест.

Првиот натпревар на Македонија е на 13 јуни против Австрија во Букурешт, во романската престолнина играме и на 17 јуни против Украина, а на 21 јуни е дуелот со Холандија во Амстердам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×