Кејн го известил Тотнем дека сака да си оди, три клуба се во контакт со неговите претставници

by
1 минути читање

„Скај Спортс“ информира дека Хари Кејн му соопштил на раководството на Тотнем дека сака да ја промени средината, напаѓачот нема намера уште да чека да освои трофеј со клубот од Северен Лондон.

Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Челси се во контакт со претставници на Кејн и чекаат да слушнат колку би побарал Тотнем за продажба на својот најдобар фудбалер.

Интерес за Кејн се очекува да има и од големите клубови надвор од Англија како ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус…

Кејн и претходно сакаше да замине, но раководството на Тотнем тогаш го донесе Мурињо кој го убеди напаѓачот дека ќе му донесе трофеј на клубот, но кога Португалецот требаше да го одигра своето прво финале, раководството покажа несериозност и му врачи отказ.

Се чини дека сега на Тотнем ќе му биде многу потешко да го убеди Кејн да остане во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×