Во последните неколку дена имаше голем број на гласини за иднината на Зинедин Зидан, се очекува Французинот да замине по крајот на сезоната.
Тоа нема да биде единствената промена на „Сантијаго Бернабеу“, според пишувањата на АС, ќе има реконструкција и во играчкиот кадар. Флорентино Перез верува дека е дојден крајот на циклусот, па ќе се прават промени во составот.
На продажба ќе бидат ставени 10 фудбалери, целта е да се приберат пари за засилувања но и да се намали сметката за плати.
Помеѓу играчите кои се на излезна врата има и звучни имиња како Еден Азар, Рафаел Варан и Марко Асенсио. Од сегашниот тим, нов клуб ќе се бара и за Марсело, Иско и Диаз.
Останатите четворица се на позајмица, се работи за Герет Бејл, Лука Јовиќ, Дани Себаљас и Борха Мајорал.