РАЦ 1: Куман 99% заминува, му пресудија две работи

by
1 минути читање

Роналд Куман нема
да ја предводи Барселона следната сезона, ова го пренесе новинарот Рожер
Саперас во емисијата „Ту Дирас“ на Радио Каталонија. Тој објави дека е донесена
одлука, стратегот 99% заминува и покрај тоа што има уште една година од
договорот.

Му пресудиле две
работи, тоа што не е избор на Жоан Лапорта и пристапот на Холанѓанецот на
последните натпревари кога Барселона требаше да го зграпчи врвот на табелата и
сама да одлучува за титулата, но целосно потфрли.

Роналд Куман
сепак може да остане на кормилото, тој 1% е наменет за можноста Жоан Лапорта и
неговите соработници да не успеат да најде соодветна замена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×