Зидан негира: Како може сега да им кажам на моите фудбалери дека си одам?

by
1 минути читање

Се појавија информациите дека Зинедин Зидан во соблекувалната ги информирал играчите на Реал Мадрид дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Но тој вели дека тоа не е вистина, во ситуација кога Реал Мадрид се бори за трофејот во Примера незамисливо е да соопшти нешто такво кое може да влијае на атмосферата во тимот.

„Како можам сега да им кажам на фудбалерите дека заминувам? Ние даваме се на теренот во борбата за титулата и јас едноставно да им кажам дека си одам?, вели Зидан.

„Луѓето надвор од клубот можат да кажат што сакаат, но јас никогаш, никогаш не би им кажал такво нешто на фудбалерите во ваков период“.

Во последното коло Реал Мадрид го пречекува Виљареал, а Атлетико Мадрид му гостува на Ваљадолид кој се бори за опстанок. Разликата е два бода, за да стане шампион кралскиот клуб мора да го добие својот дуел а Атлетико да не го совлада Ваљадолид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×