Струга ТЛ со играч помалку го победи Силекс и се избори за историски пласман во Европа

by
1 минути читање

Тимот на Срѓан Захариевски слави историски успех, во само шестата година од своето постоење Струга Триум Лум се пласира во Европа.

За таков успех денеска им беше потребна победа над Силекс во Кратово до која дојдоа иако имаа фудбалер помалку.

Во 28. минута Алтипармаковски беше исклучен поради опасен старт, но на теренот не се приметуваше дека Струга ТЛ има играч помалку, тие продолжија да напаѓаат и да го бараат погодокот за водство.

Тоа се случи во 67. минута кога по одлична акција на Цаке и Јахија, Благојевиќ си ја затресе сопствената мрежа за водство на Струга ТЛ од 1-0. Гостите ја задржаа предноста до крајот на мечот по што заслужено се радуваа на историскиот успех.

Пирова беше победата на Македонија ЃП од 2-0 на гостувањето кај Вардар. Тие чекаа поинаков исход во Кратово, но тоа не се случи, па останаа на четвртата позиција.

Дербито на двете првопласирани, Шкендија и Шкупи заврши нерешено 1-1, истиот резултат беше и на дуелот меѓу Ренова и Работнички.

Академија Пандев со 3-1 славеше над Борец, а Пелистер со 2-0 ја победи Беласица.

Со денешните мечеви заврши сезоната во ПМФЛ, остануваат само уште баражите и финалето од Купот на Македонија во кое играат Силекс и Академија Пандев.

Шкендија е шампион, покрај нив во Европа ќе играат и Шкупи, Струга ТЛ и победникот во купот. Силекс и Ренова преку бараж ќе се обдат да останат во ПМФЛ, а Вардар и Беласица испаднаа.

Во ПМФЛ влегоа Скопје и Брегалница, а Охрид и Тиквеш ќе се обидат тоа да го направат преку баражот.

Табела:

1. Шкендија 75

2. Шкупи 59

3. Струга ТЛ 57

4. Македонија ЃП 55

5. Работнички 48

6. Пелистер 45

7. Академија Пандев 41

8. Борец 40

9. Силекс 36

10. Ренова 36

11. Вардадр 31

12. Беласица 17

Можно е и ова да ти се допаѓа

×