По успешната сезона
во Катар, Чави е на заслужен одмор и во понеделник треба да пристигне во
Барселона на дружба со семејството и пријателите, прва по две години откако
пандемијата на ковид-19 го спречи минатото лето да се врати во Каталонија.
Па неизбежни се
шпекулациите за неговата иднина и можноста да го превзеде кормилото на „каталонците“.
Според весникот
АРА, договорена е средба со Жоан Лапорта која треба да се случи во следните
неколу дена. Наводно веќе е остварен контакт со директорот Матеу Алемани, со
кого е разговарано за состовот на Барса за следната сезона.
Сепак, весници
како АС и Мундо Депортиво велат дека нивни извори од Камп Ноу го демантираат
ова, но не ја исклучуваат можноста во следните часови или денови да се случи
нешто и да се договори средба.
Чави неодамна стави
потпис на нов договор со Ал Сад, во него нема клаузула, но се верува дека Шпанецот
има вербален договор со раководството на клубот според кој може да замине за симболична
сума доколку добие шанса да седне на кормилото на Барса.