495
Златан
Ибрахимовиќ дефинитивно нема да биде дел од континенталниот собир. По многу
шпекулации, Милан соопшти дека напаѓачот шест недели ќе добива третман а сите
дилеми ги расчисти селекторот на Шведкса.
„Денеска
разговарав со Златан Ибрахимовиќ, кој за жал ме извести дека повредата ќе го
спречи да настапи на Европското првенство. Секако дека ова е тажно, особено за
Златан, но и за сите нас. Се надевам дека ќе се врати на терените во брзо
време“ – изјави Јане Андерсон.