Интер се спаси, ПСЖ го продава дебелкото Икарди за 35 милиони евра

by
1 минути читање

Интер пред две
години реши да се раздели со Мауро Икарди, кој тогаш беше прва ѕвезда и капитен
на тимот, потег кој изгледаше непопуларен во тоа време. Напаѓачот најпрво беше
позајмен на ПСЖ а минатото лето и во целост продаден за 50 милиони евра.

Но оигледно
„нероаѕурите“ постапиле исправно и се спасиле, Аргентинецот прави проблеми и во
Париз.

Денешното издание
на Л’Екип пренесува дека за Мауро Икарди нема иднина во ПСЖ. Сезонава тој ја одигра
далеку под очекувањата, често б
eше и повреден а лидерите на „светците“ му замеруваат и за животниот стил. Голгетерот
сака да ужива во добра храна па често качува килограми и не е во топ форма.

Па Леонардо и
неговите соработници решиле да го стават на трансфер листа и ќе дадат зелено
светло за продажба доколку пристигне понуда од 35-40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×