175
По слабата сезона на Јувентус, има многу шпекулации за заминување на Кристијано Роналдо од Торино. Дури се најавува и негово сензационално враќање во Спортинг, a ваквите гласини ги подгреа и неговата мајка, која изјави дека ќе го убеди својот син одново да го облече „зелено-белиот“ дрес.
Сепак, агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ги разочара фановите на Спортинг.
„Кристијано е горд на титулата која ја освои Спортинг, јавно го покажа тоа. Но во моментов, плановите за неговата кариера не минуваат низ Португалија“ – вели агентот.