152
Манчестер Сити во вторникот стигна до титулата во Премиерлигата откако Лестер го совлада Манчестер јунајтед со 1-2 на Олд Трафорд.
Пеп Гвардиола потврди дека фудбалерите го прославиле успехот, вели дека најдобар момент бил кога пристигнала пицата.
„Убаво си поминавме, обично неочекуваните забави се најдобри. Сите заедно пристигнавме во нашиот „меур“, сите се безбедни. Пиевме, танцувавме, славевме… во 23:30 пристигнаа пиците и тоа беше најдобриот момент“ – вели Шпнецот.
„Не знам зошто, ама во Англија на прославите се пие само алкохол, нема храна. Па кога пицата пристигна, тоа беше најдобриот момент“.