Спортинг Лисабон оваа
недела ја прекина низата без титула и по 19 години стана шампион на
Португалија.
Мечот против
Боависта во вториникот се гледаше и во домот на Кристијано Роналдо во Мадеира, каде
неговата мајка со пријателите ја прославија титулата на „лавовите“.
Медиумите успеаја
да дојдат до кратка изјава од Долорес Авеиро, кој само ги подгреа шпекулациите
за враќање на ЦР7 во Спортинг.
„Ќе одам во
Торино и ќе разговарам со него. Следната сезона ќе игра на „Алваладе“, ќе го
убедам да се врати“ – рече мајката на напаѓачот.
Медиумите веќе најавија
можно враќање на Кристијано Роналдво во Спортинг, се пишуваше дека тој ќе ја
одработи последната година од договорот со Јувентус и во 2022 одново ќе го
облече „зелено-белиот“ дрес.