Лапорта го купува Халанд за да го убеди Меси дека проектот на Барса е амбициозен, ќе му бидат потребни најмалку 125 милиони

by
1 минути читање

Барселона со сите
сили ќе тргне по потписот на Ерлинг Халанд, ова денеска го објави весникот
Спорт. Норвежанецот треба да биде големата ѕвезда на новиот проект и звучното
име кое ќе го убеди Лео Меси дека „каталонците“ ќе имаат највисоки амбиции следната
сезона.

Веќе е остварен
контакт со агентот Мино Рајола и таткото на фудбалерот и се поставени темели за
реализирање на зделката. Жоан Лапорта ги склопува финансиите и знае дека ќе му
бидат потребни најмалку 125 милиони евра.

Борусија Дортмунд
во неколку наврати порача дека Ерлинг Халанд нема да биде продаден летово, но
во Барса веуваат дека ова е само стратегија за да се зголеми цената на
напаѓачот.

Покрај Ерлинг
Халанд, кој е желба број 1 на Жоан Лапорта, се очекува пристигнување на Ерик
Гарсија и Кун Агуеро од Манчестер Сити како и уште неколку други имиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×