Лаутаро во нервоза шутна шише, Конте веднаш му се пушти: Покажи почит, немој ова да ти се повтори! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер синоќа со
3-1 ја совлада Рома, „нероаѕурите“ не се опуштија и со головите на Брозвоиќ,
Весино и Лукаку прокнижија три бода. Но не одеше се подмачкано, Алексис Санчез
се повреди и на негово место влезе Лаутаро Мартинез во 35. Минута.

Аргентинецот
потоа беше повлечен од игра во 77. минута, ваквата одлука не му се допадна па
кога се упати кон клупата, нервозно шутна едно шише со вода.

Антонио Конте
очигледно не толерира вакви испади, па веднаш му се пушти на напаѓачот и му
дофрли нешто.

Според Скај
Италија, тренерот на Интер рекол: „Покажи почит! На кого си му лут? Немој ова
да ти се повтори!“.

Газета дело Спорт пак пишува дека Конте довикнал: „Покажи почит, не се прави феномен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×