Поранешниот
селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски ќе му
биде прв помошник на новиот селектор на Јужна Африка, Хуго Брос, а тоа го
потврди и самиот Белгиец кој нагласи дека нема да има никаков проблем со
комуникацијата, а детално го опиша својот соработник.
„Мојот белгиски
асистент не е тука во моментов бидејќи се уште работи на Кипар, тој остана во
тимот бидејќи идната недела го очекува финале во купот, потоа ќе биде тука и ќе
ми биде на располагање за претстојните два натпревари во јуни“ изјави Брос кој
потпиша петгодишен договор со Јужна Африка.
„Неговото име е
Чедо Јаневски, тој е од Македонија но живееше 25 или 30 години во Белгија,
настапуваше за Бриж, неговата сопруга е Белгијка, така тој е Белгиец, говори
англиски, француски, како и холандски јазик, со тоа не би имало никаков проблем
околу комуникацијата“ додаде новиот селектор на „Бофана Бофана“.
„Со Јаневски се
познаваме долго време, среќен сум што е постигнат договор со него, од тоа што
го знам ќе ни се приклучи од идната седмица“ подвлече Брос.