Чурлинов во идеалниот тим на Европа за играчи до 21 година (ФОТО)

by
1 минути читање

Изминатиот викенд
Штутгарт славеше со 2-1 на домашен терен против Аугзбург во редовното 32 коло
од германската Бундеслига, а тоа што нам не радува е секако изданието на нашиот
интернационалец Дарко Чурлинов.

Чурлинов во игра
на мечот влезе во 64 минута, а му беа потребни само десет минути за да асистира
во голот за победа, кој инаку го постигна Калајџиќ, па така Македонецот си доби
и големо признание за својот настап.

20 годишниот офанзивец
се најде во изборот на популарниот фудбалски портал „
WhoScored како дел од тимот на колото во петте
најдобри фудбалски лиги во Европа за фудбалери до 21 годишна возраст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×