Барселона верува дека веќе го има „новиот Бускетс“ па го заштити со клаузула од 500 милиони евра

by
1 минути читање

19 годишниот Нико Гонзалез оваа сезона бележи одлични партии во дресот на вториот тим на Барселона, многумина во клубот го гледаат како наследник на Серхио Бускетс, па „каталонците“ решија да ја осигураат неговата иднина.

Фудбалерот од средниот ред денес стави потпис на нов договор, се обврза кон Барса до 2024 и доби откупна клаузула од фантастични 500 милиони евра.

Како дел од договорот, следната сезона ќе треба да биде промовиран во првиот тим и полека да добива шанса да се докаже на највиско ниво.

Нико Гонзалес е син на легендата на Депортиво Ла Коруња, Фран Гонзалез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×