Кристијано
Роналдо е прва ѕвезда на „старата дама“ и најдобар поединец оваа сезона, но неговото
однесување придонело за проблеми во соблекувалната.
Како што пренесува Газета
дело Спорт, односот на ЦР7 со играчите не е ист како пред неколку месеци и
Португалецот е изолиран. Многу фудбалери
на Јувентус сметаат дека клубот му дава преголема слобода на
напаѓачот.
Вестите следат
откако ЦР7 по поразот од Милан, наместо да се појави на тренинг, беше во посета
на фабриката на Ферари во Маранело во придружба на претседателот Андреа Ањели и
првиот човек на Ексор, Џон Елкан.
Наводно не било
прв пат Кристијано Роналдо да пропушти тренинг поради обврски кон спонзорите и многу
негови соиграчи веруваат дека не е фер што тој добива поинаков третман од
другите.