ПСЖ ќе го има најсилниот
напад во историјата доколку „светците“ му ги исполнат желбите на Нејмар.
Бразилецот пред неколку месеци порача дека сака одново да игра со Лео Меси, а
сега истакна дека има желба да соработува и со Кристијано Роналдо.
„Сакам да играм
со Кристијано Роналдо“ – вели Нејмар во разговор со магазинот „Џеј Кју“. „Имам
играно покрај големи фудбалери како Лео Меси и Килијан Мбапе, но никогаш не сум
играл покрај Кристијано Роналдо.
Бразилецот неодамна
стави потпис на нов договор со ПСЖ до 2025, тешко е за верување дека ќе го
промени клубот во следните години, па Париз е единственото место каде што може
да му се исполнат желбите.
Шеикот од Катар и
ПСЖ имаат финансиска моќ да креираат еден ваков напад од соништата, парите
сигурно нема да бидат проблем, ќе биде потребна само желба од страна на Лео
Меси и Кристијано Роналдо. Двајцата имаат многу прашалници околу иднината,
често се говори за нивно заминување од Барселона, односно, Јувентус, а Париз се
посочува како една од можните дестинации.